Реал Сосиедад триумфално од Севилја, неверојатно промашување на Ихеаначо

Реал Сосиедад ги освои трите бода од гостувањето кај Севилја, и дојде до четвртиот триумф сезонава. Тимот од Сан Себастијан сега се израмни со бројот на бодови со својот вечерашен ривал.

Победата ја најави Кубо со гол во 34. минута од средбата. Потоа Ојарзабал во 68 минута од мечот успеа да го доближи Сосиедад до трите бода.

Севилја пропушти можност да се врати во мечот преку Ихеаначо кој имаше неверојатно промашување. Откако излезе сам пред гостинскиот гол, го мина и голманот, меѓутоа не успеа да погоди во празната мрежа.

Се вчитува...