Македонскиот интернационалец Матеј Цветаноски, беше стрелец на еден од трите гола на својата екипа Железничар во дуелот со Широки Бријег во 12. коло од Првата лига на БИХ.
Цветаноски го одигра целиот меч, а во 90. минута стави точка на победата на неговиот тим. Во гостинскиот тим од 53. минута играше и Мартин Мирчевски.
За Цветаноски ова беше втор гол во овогодинешната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА