Шоу на Мурињо на пресконференција: Играч на натпреварот беше невидлив човек

Шоуто на Жозе Мурињо во Турција продолжи и по натпреварот на Фенербахче и Трабзон во кој неговиот тим славеше во последните секунди благодарение на голот на Софијан Амрабат.

Харизматичниот португалски стратег овој пат имаше потреба на свој начин да го прокоментира натпреварот велејќи дека играч на натпреварот е судија во ВАР собата.

„Играч на натпреварот беше Атила Караоглан (сидијата во ВАР). Невидлив човек. Судијат на теренот беше дете. Атила Караоглан е играчот на натпреварот. Не сакам повеќе да го гледам на нашите натпревари, ниту во ВАР собата. Многу информации добив пред да дојдам тука, а јас не верувам дека е толку лошо.

Игравме против добар тим кој одлиочно се бореше, но нашата вистинска борба беше против системот. Кога тоа го велат тогаш го велам во име на сите навивачи на Фенербахче. Изгледа дека луѓето ми кажаа половина од работите што се случуваат тука. Да ми кажеа се, немаше да дојдам“, вели Мурињо кој се осврна на доделениот пенал на Трабзон.

„Да не пиеше кафе судијата во ВАР во тој момент? Како не го виде тоа. Или можеби пиеше чај кога требаше да досуди пенал за нас. Мора да говориме за направдата која се случува тука со години. Ние сме чисти“

Се вчитува...