Клучен играч на Реал се враќа во тимот за дуелот со Милан

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти доби одлична вест во пресрет на утрешниот дуел од ЛШ против Милан откако Родриго ја доби трката со времето и ќе биде во комбинација за овој натпревар.

Одличниот бразилски офанзивец поради повреда на мускулот го пропушти големото дерби со Барселона на кое „кралевите“ претрпеа преубедливо пораз. Тој не тренираше со тимот и во наредните денови по фијаското, но во последните неколку дена му беше на располагање на стручниот штаб, па се очекува Родриго да биде стартер утревечер против „росонерите“, рамо до рамо во напаѓачкото трио со Винисиус и со Килијан Мбапе.

Федерико Валверде, кој исто така се жалеше на повреда во изминатиот период, се уште не е во целосен тренажен процес, па Анчелоти во последен момент ќе пресече дали да ризикува со Уругваецот на средината од теренот или пак да го стартува мечот со Чуамени во средниот ред.

Се вчитува...