Фернандеш: Му се извинив на Тен Хаг, се чувствувам виновен за неговиот отказ

Бруно Фернандеш не го крие разочарувањето поради слабиот старт на Манчестер Јунајтед во новата натпреварувачка сезона, што кулминираше со смената на тренерот Ерик тен Хаг.

Португалскиот интернационалец обелодени дека по одлуката на управата го контактирал Тен Хаг извинувајќи му се што успеал да стори доволно за тој да остане на „Олд Трафорд“.

„Сите знаеме зошто Ерик си замина, кога тренерот си оди тоа е лошо за сите… Тој доби отказ затоа што ние не бевме доволно добри како тим, резултатите не ни беа како што треба, а Ерик ја плати казната за тоа. Кога тренерот си оди, дел од вината секогаш е и кај фудбалерите, тој добива отказ затоа што секогаш за управата е полесно да смени еден тренер отколку десетина играчи. Искрено, се обидов да му помогнам, но не постигнав доволно голови, ниту јас ниту соиграчите. Се слушнавме, му се јавив по отказот бидејќи се чувствувам виновен за тоа како завршија работите. Му се извинив, знам дека секогаш давав 100% за него, но жалам што немавме подобри резултати за Тен Хаг да остане“, изјави Фернандеш.

Се вчитува...