Кевин Пантер, МВП на Евролигата за месец октомври

Кевин Пантер е добитник на признанието за МВП во кошаркарската Евролига за месец октомври, по одличните изданија што поранешниот капитен на Партизан ги имаше во дресот на Барселона на стартот од новатанатпреварувачка сезона.

Барса успеа да врзе пет победи во низа во Евролигата, а најзаслужен за тоа беше токму Пантер со просек од 18,6 поени, 2,4 асистенции и 1,4 украдени топки по натпреварот, со извонреден просек од 47,5% од шутот за тројка и 62,2% од шутот за два поени.

Ова е прво вакво признание во кариерата на Пантер во Евролигата, каде Американецот претходно има настапувано и за Партизан, Олимпијакос, Црвена Звезда, Олимпија Милано…

Се вчитува...