Евролигашот Макаби Тел Авив најмалку до крајот на сезоната ќе може да смета на услугите на Давид ДеЏулиус кој ќе пристигне од редовите на грчки Арис.
Оваа информација ја потврди тренерот на Макаби, Одед Каташ кој изјави дека само формалности го делат Американецот од дресот на „гордоста на Израел“. „Кога ќе се официјализира трансферот ќе имаме нов бек“.
ДеЏулиус оваа сезона настапи на шест натпревари во Еврокупот реализирајќи просек од 14.3 поени, 1.5 скокови и 2.7 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА