Се поверојатно е дека Леандро Тросар ќе го напушти Арсенал во следниот преоден рок по големиот интерес која доаѓа од Саудиска Арабија, а лондонскиот тим веќе ја знае и неговата замена.
Микел Артета во својот тим сака да го види фудбалерот на Вест Хем Јунајтед, Мохамед Кудус. Репрезентативецот на Гана одлично се најде во Премиерлигата, но неговиот клуб бележи лоши резултати па веќе се најде на радарот на повеќе екипи.
Овој трансфер скапо ќе го чини Арсенал со оглед на тоа што Вест Хем Јунајтед за негов ангажман бара 100 милиони евра. Доколку истиот се оствари тоа би бил втор голем трансфер помеѓу овие два клуба откако претходно од „чекичарите“ во „топчиите“ премина Деклан Рајс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА