Слот: Фудбалот се игра во два различни моменти, со топка и без неа

Европските натпревари за Ливерпул продолжуваат во среда од 21 часот на „Енфилд“ со средба против Баер Леверкузен во Лигата на Шампионите.

Натпреварот го најави тренерот на „црвените“ Арни Слот кој потенцираше дека неговиот тим мора да одигра добро со топка, но и без доколку сака да стигне до триумф против минатогодишната сензација.

„Фудбалот се игра во два различни моменти, со топка и без неа. Против силните тимови каков што е Баер Леверкузен мораше да бидеш добар во двата. Не бевме добри со топка, а и без неа против Брајтон во првото полувреме. Против Леверкузен ни треба играта од второто полувреме. Леверкузен е еднакво добар со топката како и Брајтон. Така да, ние мораме да бидеме многу подобри од тоа прво полувреме за викенд“, вели Слот.

Се вчитува...