Партизан им се врати на победите и воедно ја продолжи перфектната серија во АБА лигата со триумф на гостувањето кај ФМП, триумф кој може да има и горчив вкус со оглед на тоа што повреда заработи еден од подобрите играчи Карлик Џоунс.
Организаторот на играта се повреди на самиот почеток на средбата, замина во соблекувалната и повеќе не се врати на теренот. Тој го помина второто полувреме од средбата на клупата, но не во опрема.
Постоеше голема веројатност да станува збор за повреда на скочниот зглоб од која се рехабилитираше пред само неколку денови, но според првичните информации на српските медиуми не станува збор за тешка повреда. Тој не доби шанса во продолжението од средбата поради внимателност и поради високата предност која ја имаше евролигашот веќе на полувремето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА