Газдата на Нотингем форест не се извлече поради тоа што плукна судија

Жалбата на сопственикот на Нотингем форест, Евангелос Маринакис против неговата казна за наводно плукање на судијата за време на натпреварот на неговиот тим против Фулам, е отфрлена од Комитетот за жалби на Фудбалската асоцијација.

Маринакис доби суспензија од Фудбалската асоцијација на Англија на пет натпревари минатиот месец по поразот од 0-1 на Нотингем форест со Фулам по обвинувањата дека го плукнал судијата на крајот од натпреварот пред влезот во тунелот.

Маринакис ја обжали оваа казна, но Комисијата за жалби не ја прифати и казната останува во сила. Во образложението се наведува дека нема оправдување за „ваквото неверојатно непочитување и грдото однесување“ кон судиите и официјалните лица на натпреварите.

Се вчитува...