„Перез ја има истата харизма како Силвио Берлускони“

Во четвртото коло од Лигата на шампионите ќе се сретнат двата најтрофејни клуба на натпреварувањето, Реал Мадрид и Милан. Своите впечатоци од овој натпревар ги искажа и легендарниот фудбалер на Милан Руд Гулит.

Еден од најдобрите холандски, европски и светски фудбалери беше актер на една од најспектакуларните пресметки на овие два тима. Тоа беше полуфиналето на Купот на европските шампиони во 1989 година, кога Милан го разнесе Реал со 5-0 на Сан Сиро и се избори за финалето, во кое ја совлада Стеауа за третата титула европски првак, прва по 20 години.

Најзаслужен за прекинот на тој пост е Силвио Берлускони, кој купи клуб кој беше пред банкрот непосредно пред големиот подем на „росонерите“. Токму Гулит го споредува актуелниот прв човек на Реал Флорентино Перез со Берлускони кој на Реал му ги донесе последните седум од вкупно 15 европски шампионски титули.

„Берлускони беше најдобриот претседател што можев да го имам. Доаѓаше секоја недела на тренинг, зборуваше со нас, беше харизматичен. Мислам дека истата харизма ја има и актуелниот претседател на Реал, Флорентино Перез. Клучно е да се има човек на врвот кој неизмерно го сака клубот, бидејќи може да ја пренесе страста на целиот тим“, изјави Гулит.

Се вчитува...