Познатиот тениски тренер, Патрик Муратоглу предложува сериозни промени за тенисот да биде поинтересен за помладата популација.
Французинот, кој со години се залагаше за револуција во правилата и организирање на турнирите, сега предлага нешто многу радикално. Според него, не е доволно тоа што играчите ќе можат да се консултираат со своите тренери за време на натпреварите од 1. јануари, тој смета дека играта треба да биде побрза и поинтересна.
Французинот се жали дека публиката има можност да гледа голем број асови и практично мора да чека од 25 до 30 секунди помеѓу секој поен. Оттука има предлог како да се смени.
„Треба да имаме само еден сервис! Затоа што во спротивно, со квалитетот на серверот сега, имаме премногу асови и сервис винери, а тоа е досадно за публиката. Имате втор сервис, а потоа луѓето чекаат 25 до 30 секунди, тоа не помага“, вели Муратоглу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА