Мајк Тајсон останува во центарот на вниманието на американската јавност пред борбата со прославениот јутјубер Џејк Пол која ќе се одржи на 15. ноевмри во Текас.
Со цел промоција „Челичниот Мајк“ постојано е активен на телевизиите и на подкастите притоа откривајќи разни теми. Говорејќи на подкастот на Андре Ворд откри и како заработувал додека бил зад решетки во раните деведесетти.
„Во затвор влегов со 15 милиони долари на мојата сметка. Кога излегов имав помеѓу 300 и 400 милиони долари. Дон Кинг и екипата постојано доаѓаа и ми носеа договори кои ги потпишував за веднаш да заработам озбилна сума на пари“, откри Тајсон.
Станува збор за разни спонзорски, промотерски и договори за ТВ права од оние кои го чекаа камбекот на Тајсон во рингот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА