Нејмар по новата повреда: Лекарите ме предупредија…

Фудбалерот кој го оствари најскапиот трансфер во историјата, Нејмар одново го чека пауза од терените поради ново стакнатата повреда на  вчерашниот натпревар од 4. коло на азиската Лига на шампиони против Естеглал. Тој во игра влезе во 58. минута, но беше заменет во 87. минута поради повреда на мускулот.

Неговиот тренер Жорге Жесус откри дека отсуството ќе биде две недели, а за целата ситуација сега говореше и самиот Нејмар кој се огласи на социјалните мрежи велејќи дека се надева дека не станува збор за сериозна повреда.

„Имав чувство дека станува збор за грч, но многу силен. Ќе одам на детални прегледи и се надевам дека не станува збор за сериозна повреда. Нормално е ова да се случи после отсуство од година дена. Лекарите веќе ме предупредија да бидам претпазлив“, изјави Бразилец.

Се вчитува...