Џонатан Монтли кој своеволно го раскина договорот со Хапоел Тел Авив поради војната помеѓу Израел и Палестина останува топ тема во кошаркарскиот свет. Американскиот кошаркар „побегна“ од Израел, се шпекулираше дека се наоѓа во Белград каде се очекува потпис со Црвена Звезда, но според последните информации тоа не е случајот.
Потрагата во Монтли заврши во Хјустон каде тој заминал со цел да ја чека пресудата на ФИБА за тоа дали е слободен да ја бира новата средина, откриваат eвропските медиуми.
Црвена Звезда не е единствениот евролигаш заинтересиран за услугите на Монтли. Според последните извори центарот има понуди од повеќе клубови од најсилното кошаркарско првенство како Фенербахче и Макаби Тел Авив, но и новоформираниот клуб Дубаи кој се натпреварува во АБА лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА