Легендата долго се мислеше, го промаши клубот, па сега пак ќе се сели…

Матс Хумелс е еден од најголемите губитници во изминатиот преоден рок, откако германскиот ветеран по заминувањето од Борусија Дортмунд предолго размислуваше за следната дестинација во кариерата… и на крајот направи огромна грешка.

Кога Хумелс потпиша за Рома се најавуваше дека тој наскоро ќе биде командант на одбраната на Рома, но проблемите се појавија кога Де Роси доби отказ од тренерската функција, а на негово место пристигна Јуриќ. Хрватот воопшто не смета на фудбалската легенда, па така Хумелс влезе во игра само на еден меч досега, згора на тоа и си постигна автогол на тој натпревар.

Ситуацијата е разочарувачка и за фудбалерот и за раководството, па се очекува тој во јануарскиот преоден рок повторно да ги смени клупските бои. Италијанските медиуми тврдат дека Хумелс веќе почнал преговори со клубовите кои го барале летово, дел од нив се откажани, но има и такви кои би сакале да го доведат Германецот на почетокот од 2025 година…

Се вчитува...