МЗТ Скопје се наоѓа на работ на елиминација од АБА2 лигата откако македонскиот првак го претрпе и третиот пораз во низа во регионалното натпреварување, втор од екипата на Хелиос од Домжале.
„Металците“ одиграа катастрофално прво полувреме во кое постигнаа само 26 поени, во вториот дел заиграа далеку подобро, имаа и предност, но по неколкуте сомнителни судиски одлуки го загубија мечот.
„Имавме добар напад… Ова ни е првпат сезонава да загубиме два натпревари во серија. Тоа е тоа, мораме да се фокусираме на следниот натпревар во календарот“, кратко изјави тренерот Васко Атанасов.
МЗТ сега има скор 1-3 по првите четири рунди во АБА2, па македонскиот првак не само што мора да слави на следните две средби, туку и да очекува Хелиос, кој секако ќе биде првопласиран, да не загуби од Цедевита Јуниор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА