Одлуката да се биде дел од АБА2 лигата сезонава се покажа катастрофална за Работнички откако македонскиот клуб во четвртото коло го претрпе и четвртиот преубедлив пораз во регионалното гостување, овојпат на гостински терен против Босна со убедливи 84-58. „Центарци“ дури и платија вајлдкарта за да бидат дел од АБА2, но составија недоволно квалитетен тим, што резултира со серија катастрофални резултати за тимот на тренерот Горан Самарџиев.
Денешниот дуел донесе очекуван епилог, домаќините ја добија првата четвртина со 25-16, а потоа Работнички одигра катастрофално во вториот период постигнувајќи пет поени за десет минути (21-5) и на одмор заминувајќи со убедливи 46-21. Босна не застана по убедливата предност, во третата четвртина имаше и 30 поени предност (62-32), за Работнички до крајот да го ублажи убедливиот пораз до конечните 84-58.
Полутак со 19 поени беше најефикаен во таборот на македонскиот тим, а по него следеа Дубински со девет и Робев и Ефремовски со по осум поени.
За потсетување, Работнички во првото коло беше поразен на домашен терен од Сутјеска со 58-71, во втората рунда загуби во Нови Сад од Војводина со 93-62, a поразот на домашен терен од Босна во третото коло беше илустриран со резултат 74-99.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА