Полувреме: Милан води во Мадрид, Мората го замолкна „Сантијаго Бернабеу“

Реал Мадрид има негатива од 1-2 по првото полувреме од дуелот на домашен терен со Милан, во четвртото коло од Лигата на Шампионите. „Кралевите“ на претходниот меч на домашен терен се враќаа од негатива од два голапротив Борусија, а вечерва повторно имаат голем предизвик откако одиграа потпросечно и во првите 45 минути против „росонерите“.

Гостите први поведоа преку Тиав по корнерот на Пулишиќ, а Реал израмни со пеналот на Винисиус, по минималниот контакт врз истиот фудбалер што главниот судија го окаратеризира како доволен за да покаже на белата точка. Реал се обиде да го сврти резултатот во своја полза, но наместо тоа следеше нов гол за Милан, откако Мората налета на една одбиена топка и ја смести во мрежата на Лунин, замолкнувајќи ги домашните фанови на „Сантијаго Бернабеу“.

На останатите натпревари, Ливерпул и Баер Леверкузен играат 0-0 по 45 минути на „Енфилд“, Штурм одолева на нападите на Борусија и засега нема гол во Дортмунд… Дејвид донесе предност на Лил против Јувентус (1-0), додека Селтик се врати од гол негатива и на одмор замина со предност од 2-1 против Лајпциг.

Се вчитува...