Заре Марковки се враќа на кошарката, потпиша со италијански прволигаш

Заре Марковски денеска и официјално се врати на кошарката откако потпиша договор со тимот на Пистоја Баскет. Раководството на овој клуб денеска го отпушти тренерот Данте Калабрија, за неколку часа подоцна да објави дека изборот за нов тренер паднал токму на поранешниот македонски селектор.

Марковски потпишал договор до крајот на оваа сезона, со што Пистоја ќе биде уште еден во низата италијански клубови во кои има работено Македонецот (по Вирту Болоња,Милано, Бјанкоблу Болоња, Пезаро, Венеција, Јуве Касерта, Скафати и Динамо Сасари).

„Пистоја е историска локација во Серија А и затоа сум максимално мотивиран што се враќам на италијанска клупа. Носам со себе многу емоции и ентузијазам во оваа нова авантура. Гледав неколку натпревари на тимот, нема да губам време да се обидам што поскоро да ги пренесам моите идеи врз играчите“, изјави Заре Марковски по потписот на договорот со Пистоја.

Се вчитува...