Фијаско на Сити: Три примени гола, Халанд промаши пенал

Манчестер Сити пред неколку дена го претрпе првиот премиерлигашки пораз од Борнмут, а тимот на Гвардиола сега е на праг за првпат да загуби и во Лигата на Шампионите сезонава.

На дваеетина минути до крајот во Лисабон резултатот гласи 3-1 за Спортинг, и тоа откако Сити прв поведе преку Фоден, а потоа и промаши низа шанси при 0-1. Гијоркереш израмни на 1-1 пред крајот на првото полувреме, а кобни за англискиот првак беа првите три минути од второто полувреме, во кое Араухо и Гијокереш стрелаа прецизно за водство од 3-1 на домаќините.

За мизеријата на „граѓаните“ да е комплетна, продолжува и кризата на Ерлинг Халанд, па Норвежанецот кој постигна само еден гол во последните пет премиерлигашки средби вечерва промаши и пенал во Лисабон.

Тој успеа да го испрати голманот на погрешна страна, но топката наместо во мрежата заврши во гредата, на огромна радост на домашните фанови…

Се вчитува...