Гвардиола по тешкиот пораз: Тежок момент, но нема да се предадеме

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, го коментираше поразот од Спортинг Лисабон со 4-1. Ова беше еден од најтешките порази на Сити по доаѓањето на Гвардиола на клупата.

И покрај поразот, Гвардиола не е премногу загрижен, и кажа дека неговиот тим ќе продолжи да се бори.

„Ова се тешки моменти за нас, но јас сум тука и сакам да бидам тука. Не се предаваме, ќе се бориме“, рече Гвардиола и додава:

„Ги сакам овие предизвици, сакам да се соочам со нив, сакам да ги подигнам играчите. Можеби некои луѓе сакаат да се откажам, но нема да го сторам тоа“, коментираше менаџерот на Сити.

Се вчитува...