Џоел Ембиид, кошаркарот на Филаделфија, е суспендиран на три натпревари поради напад на новинар во соблекувалната.
Информациите за суспензијата ги дал Шамс Чаранија, добро информиран новинар и инсајдер. Конфликтот меѓу Ембиид и новинарот се случи поради текст, кој не му се допадна на еден од најдобрите играчи на денешницата.
„Следниот пат кога ќе пишувате за мојот мртов брат и мојот син, ќе видите што ќе ви направам и ќе живеам со последиците од она што ќе ви го направам“, му рекол наводно Ембид на новинарот пред физички да го нападне.
Ембид заврши со туркање на репортерот, а другите присутни спречија поголем скандал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА