Сопруга на фудбалер на Реал „удри“ по Анчелоти: „Кога ќе сфати дека не е крило?“

Мина Бонино, сопругата на фудбалерот на Реал Мадрид, Федерико Валверде, жестоко го прозва тренерот Карло Анчелоти на мечот со Милан (3:1). Мина изгледа дека е подобар стручњак од Анчелоти, па го критикуваше за неговата тактика.

Веќе на полувремето натпреварот беше 2:1 за Милан, па Анчелоти направи одредени измени за да го разбуди тимот. Наместо Валверде, кој остана во соблекувалната, во игра влезе Камавинга. Тоа не и се допадна на Мина, па на социјалните мрежи му се обрати на Анчелоти.

„Подобро да го исклучам ова пред да ме затворат “, напиша изнервирана Мина на социјалната мрежа „Икс“, по што следуваа коментари од следбеници, на што еден одговор на Мина беше:

„Брате, Феде најдобро игра како играч од средниот ред. Што зборуваш? Хахаха, кога конечно ќе сфатат дека Феде не е крилен напаѓач“, напиша сопругата на Валверде.

Се вчитува...