Тренерот на Спортинг (Лисабон) Рубен Аморим го забележа својот последен натпревар на чело на тимот на Хозе Алваладе пред да го преземе Манчестер Јунајтед .
Тој на најдобар можен начин се раздели со навивачите на лисабонските „зелено-бели“ со успехот од 4-1 над Манчестер Сити во Лигата на шампионите. Според него, тој бил предодреден токму на овој начин да се прости од својот сегашен клуб.
„Не можеше да биде подобро од тоа. Среќата беше со нас денес, за разлика од другите натпревари. Првото полувреме беше доста тешко. Тешко ја задржавме топката и имаше многу нервоза. По првиот гол и како се приближуваше паузата, работите почнаа да се подобруваат, се разбира, двата гола на почетокот на вториот дел помогнаа многу и го сменија текот на натпреварот, мислам дека беше пишано вака да се збогувам. “ изјави Аморим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА