Баер Леверкузен ја најде замената за Алонсо, но…

Тренерот на Штутгарт, Себастијан Хенес не исклучува можност да остане на функцијата и идната сезона, и покрај тоа што летоска беше баран и од Баерн Минхен, а Баер Леверкузен го гледа како идеална замена за Чаби Алонсо.

Сепак, неговата одлука во голема мера ќе зависи дали тимот ќе може да биде конкурентен и да игра во Лигата на шампионите.

Договорот на Хенес со германскиот првак е до 2027 година, но има ослободителна клаузула од 8 милиони евра, за сите клубови.

Освен Леверкузен, за него има интерес и од англиските тимови. Одлуката за неговата иднина се очекува по крајот на сезоната.

Се вчитува...