После победата на Милан над Реал Мадрид, тренерот на „росонерите“ Пауло Фонсека даде интересна изјава, поврзана со италијанскиот фудбал.
Тој кажа дека е потешко да се игра против Монца, или против било кој италијански тим, отколку против Реал Мадрид.
„Никој надвор од Италија не сфаќа колку е тешко да се игра против италијански клубови. Монца игра човек на човек, Каљари исто, тоа недостасува кај останатите европски тимови. Многу е потешко да се играат натпревари во Италија. Мечевите со Монца и со Каљари се многу тешки. И со сите противници од Италија“, рече Фонсека.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА