Легенда на Реал Мадрид ќе биде селектор на Ерменија?

Фудбалската репрезентација на Ерменија остана без селектор после поразот на домашен терен од Македонија во Лигата на Нации. Македонскиот национален тим со 2-0 го совлада ерменскиот, и така го обезбеди првото место на табелата, а тоа значеше и отказ за Александар Петраков.

Сепак, од федерацијата соопштуваат дека разделбата со Петраков не била поради слабите резултати, туку од лични причини.

Во медиумите многу се шпекулира за новиот селектор, а едно од имињата кои се споменуваат е поранешната легенда на Реал Мадрид, Раул Гонзалез кој сега е тренер на младинскиот тим на Реал Мадрид.

Оваа информација ја потврдуваат и од ерменската федерација, но постои проблем.

„Петраков замина од лични причини. Сега сме во преговори за нов селектор, но тие тешко одат поради тоа што федерацијата не располага со финансии кои се барани од новите кандидатите. Се сретнавме со некои, кои имаат големи барања. Ниту еден селектор не може да гарантира дека ќе ја однесе земјата на Светското првенство. Има многу кандидати, меѓу нив и Раул. Сега се соочуваме со две опции: да ставиме сега тренер, или во овие два меча да одиме со в.д. селектор, а потоа следната година да почнеме со нов селектор“, изјави Армен Никогосјан, потпретседател на ерменската федерација.

Се вчитува...