Алчевски, Емини и Фета нови имиња во репрезентацијата на Македонија

Селекторот Благоја Милевски, денеска го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за престојните натпревари во Лигата на Нации против Летонија и против Фарски Острови.

Предводникот на националниот тим се одлучи во составот да повика три нови имиња. Станува збор за голманот Марко Алчевскли, потоа дефанзивецот Бехар Фета, и играчот од средниот ред Сефер Емини.

Кај останатите нема изненадувања, односно сите кои го понесоа товарот во Лигата на Нации се тука.

Се вчитува...