Селекторот на македонската репрезентација Боби Милевски денеска на прес-конференција пред мечевите со Летонија и со Фарски Острови, ја повика и публиката да дојде и да ја бодри репрезентацијата.
Македонија има одличен старт на Лигата на нациите сега веќе како прва селекција пред промоција во повисок ранг на натпреварување. Но, желбата е максимално победнички да се заврши Лигата на нациите.
„Прекупотребна ни е публиката и да им се даде поддршка на фудбалерите. Ме радува фактот што ние сме спортска нација која го сака спортот и дека секој успех не води во еуфорија. Но, сметам дека и кога не ни оди добро не само во фудбалот, туку и во секој друг спорт, мора да бидеме тука за нашите спортисти и да покажеме дека си ја сакаме земјата. Само Македонија е вечна, се друго е менливо“, истакна на денешната прес-конференција селекторот Милевски.
Милевски денеска го објави списокот на фудбалери за последните два меча.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА