Голема трагедија денеска во полскиот фудбалски свет. За време на тренинг на третолигашот Нолец Чарнкова, во река се удави 33-годишниот голман Матеуш Хемпе.
Според информациите од клубот, Хемпе се обидел да дојде до топката која завршила во блиската река, но бил за кратко време однесен од многу силна струја. Беше член и на полската репрезентација на глуви, која се огласи по повод оваа трагедија.
„Никогаш нема да бидеме подготвени за такви вести. Полската репрезентација загуби еден многу посветен играч Матеуш Хемпе, кој исто така долги години беше и футсал голман“ – се вели во пораката.
Освен за Нолец, Хемпе бранеше и за екипите на Венус Јемџехово и Осиечна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА