Заубер им врачи отказ на двајца возачи во ист ден, па промовираше голем талент (ФОТО)

Формула 1 тимот Заубер се подготвува за големата промена која го очекува од 2026 година кога целосно раководењето со тимот ќе го превземе Ауди. Дел од подготовките престојната сезона ќе биде и нов двоец во болидите што донесе и историска одлука во најбрзиот шампионат на светот, во ист дена да биде објавено заминување на сегашните возачи.

Финецот Валтери Ботас и Кинезот Гуанџу Жу нема повеќе да бидат дел од тимот и нивните места ќе ги наследат искусниот Нико Хулкенберг кој ќе се приклучи од Хас, како и младиот талент, Бразилецот Габриел Бортолето кој минатата година го освои Формула 3 шампионатот, а оваа вози во Формула 2.

„Во моментот сведочиме за смена на генерации во Формула 1, со млади возачи кои веднаш носат резултати. Со потпишувањето на Габриел Бортолето осигуравме еден од најголемите таленти. Неговиот потпис ја нагласува долгогодишната стратегија на Ауди и акцентот кој ќе го ставиме во Формула 1“, изјави претседателот на управата на Заубер, Гернот Доелнер.

Се вчитува...