Уште еден поранешен НБА кошаркар пред потпис во клуб од Евролига

Францускиот претставник во Евролигата, Асвел е пред потпис со американскиот кошаркар со седумгодишно искуство во НБА лигата, Андре Робертсон.

Робертсон со успех настапуваше за Оклахома во најсилното кошаркарско натпреварување пред НБА кариерата да му ја скрати тешката повреда во 2018 година непосрено по потпишување на на тригодишен договор вреден 30 милиони евра со Тандер. По двегодишна пауза Робертсон се врати на теренот во дресот на Бруклин за кој го запиша и последниот НБА настап.

Кошаркарот кој важеше за елитен одбранбен играч на почетокот на оваа сезона потпиша за Шоле каде игра извонредно во француското првенство и во Еврокупот. Добрите настапи ќе му донесат место во Евролигата.

Се вчитува...