Карло Анчелоти има проблем да најде излез од кризата на Реал Мадрид, но истовремено се соочува и со нови главоболки поради повреди на стандардните првотимци.
На последниот дуел со Милан се повреди Чуамени, а деталните лекарски прегледи донесоа лоша вест за „кралевите“, францускиот репрезенативец има проблем со лигаментите во скочниот зглоб, поради што ќе паузира најмалку еден месец од терените.
Тој ќе биде „во аут“за дуелоите со Осасуна, Леганес, Хетафе, Атлетик Билбао и Џирона во Ла Лига како и за гостувањето против Ливерпул во следното коло од Лигата на Шампионите. Анчелоти и стручниот штаб на Реал се надеваат дека тој ќе може да настапи на гостувањето во Бергамо против Аталанта закажано за 10 декември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА