Првиот човек на европскиот бокс во работна посета во Македонија

Изминатите денови во Скопје во работна посета на Националната Боксерска Федерација и на Министерството за Спорт на Република Македонија, беше првиот човек на Европската Боксерска Федерација господинот доктор Јоанис Филипатос.

Гостинот беше запознаен со работата на новото раководство на Националната Боксерска Федерација Кристијан Андреевски како и ново избраниот министер во Министерсвото за спорт господинот Борко Ристовски. Исто така се разговораше за идните планови, соработка и реализација на најавените нови проекти во областа на боксот.

„Уште еднаш како Национална Боксерска Федерација изразуваме голема благодарност за несебичната и огромна подддршка за развој на боксот од страна на Mинистерот за Спорт, Борко Ристовски“, порачуваат од македонската куќа на боксот.

Се вчитува...