Фудалерот на Мајнц, Доминик Кор, ќе плати парична казна од 10.000 евра поради навредите упатени кон судијата за време на дуелот од Купот на Германија што неговиот тим го загуби од Баерн Минхен.
Баварскиот гигант славеше лено и убедливо со 0-4, па изненадувачки делуваше што Кор вината ја побара кај судијата Саша Стегман.
„Голот за 2-0 беше од чист офсајд, а во при четвртиот погодок малку бев згазнат од еден противнички фудбалер, а судијата молчеше. Тогаш всушност увидов дека тој носи дрес на Баерн“, изјави Кор веднаш по мечот за „Скај Германија“.
Федерацијата веднаш покрена истрага, по што денеска беше обелоденета и пресудата – 30-годишниот фудбалер да плати 10.000 евра како казна за „доведување во сомнеж на судискиот израмнет критериум“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА