Само што се врати Нејмар ќе паузира шест недели

Бразилскиот фудбалер Нејмар по пауза од година дена, се врати на терените минатиот месец, но на напаѓачот како веќе да не му се игра фудбал.

На натпреварот против Естегал во азиската Лига на шампиони, Бразилецот издржа само половина час по што повторно се пожали на повреда.

Во прв момент изгледаше дека  почувствува само грч, но деталните тестови покажаа дека повредата е посериозна.

Нејмар има исекотина на задниот бутен мускул и се очекува да паузира помеѓу четири и шест недели.

Се вчитува...