Црвена Звезда неколку пати беше оштетени на натпреварите од Евролигата, а кога тоа се повтори и на дуелот со европскиот првак Панатинаикос во таборот на „црвено-белите“ експлодираа од незадоволство, па следеа бројни критики за арбитражата на овој натпревар.
Евролигата уште еднаш докажа дека не трпи никакви критики, па денеска беа изречени парични казни кон АБА-шампионот, во вкупна вредност од 74.500 евра.
Никола Калиниќ и Немања Недовиќ треба да платат по 5.000 евра поради „коментари за работата на судиите“ , а Црвена Звезда како клуб е казнета со 10.000 евра поради коменари за работата на судиите објавени на официјалната веб-страница на клубот.
Претседателот Жељко Дрчелиќ од иста причина ќе треба да плати 10.000 евра, а клубот е казнет со огромни 32.500 евра поради однесувањето на навивачите и фрлање на различни тврди предмети на терен за време на мечот со Панатинаикос.
Санкции беа изречени и поради односот на „црвено-белите“ по мечот со Жалгирис во Каунас, каде став на целата кошаркарска јавност беше дека арбитрите имаа влијание врз конечниот исход на мечот. Сепак, тоа не ги спречи дисциплинците во Евролигата за нови санкции, и тоа Лука Митровиќ со 7.000 евра за „недостиг напочит кон судиите на мечот со Жалгирис“, а Немања Недовиќ од истата причина ќе треба да плати 5.000 евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА