Михајловски донесе бронза за Македонија на ЕП во Атина

Македонската кик-бокс репрезентација стигна и до втор медал на Европското првенство за сениори што се одржува во Атина, откако Стефан Михајловски стигна до бронзен медал во категоријата кик-лајд над 94 килограми.

Михајловски во четвртфиналето лесно и убедливо го совлада Штефан Тикс од ГЕрманија, но во полуфиналето по голема борба загуби од Украинецот Бабенко, што значеше освојување на бронзен медал за овој македонски репрезентативец.

Европскиот првак Бобан Илиоски исто така има осигурано најмалку бронза, но нашиот голем денеска се бори со Гркот Филис во полуфиналето, во обид да стигне до ново финале на ЕП и да ја одбрани европската титула што ја освои пред две години.

Во женска конкуренција, Леа Бошевска загуби од Нил Бејза Гохан од Лихтенштајн, а Андреа Костовска загуби од Меган Охаре од Велика Британија.

Се вчитува...