Летонците со една измена во тимот доаѓаат на мегдан со Македонија

Летонскиот селектор Паоло Николато го објави списокот од 25 фудбалери кои ќе бидат во комбинација за настап на гостувањето во Скопје против Македонија, во рамките од претпоследното коло од Лигата на Нации закажано за 14 ноември.

Нашите фудбалери рутински славеа во Рига минатиот месец, а Николато не направи преголеми измени во тимот во однос на тој дуел. На  најновиот список на летонскиот селектор има само еден нов фудбалер, и тоа Оскарс Виентајс од Мета, кој е дебитант во сениорската репрезентација.

Македонија веќе го осигура првото место во групата, но нема сомнеж дека нашите фудбалери ќе останат максимално фокусирани со надеж дека со две победи над Летонија и Фарски Острови во Скопје ќе биде заокружено успешното издание во Лигата на Нации на селекцијата предводена од Благоја Милевски.

Се вчитува...