Фудбалерите на Барселона во средата навечер во Белград ја совладаа екипата на Црвена звезда со 2-5 во натпреварот од 4. коло од Лигата на шампионите.
Tренерот на Барселона Ханси Флик изјави дека е задоволен од победата против Црвена Звезда и истакна дека е тешко да се победи на гостински терен во Лигата на шампионите.
„Фантастично е да се види такво нешто, навивачите да го поддржуваат тимот на тој начин. Разликата меѓу нас и Црвена Звезда е што играме со многу посед, создаваме и комбинираме. Многу сум задоволен од се што направивме. Натпреварот ни беше важен, не беше лесно да му се одземе топката на противникот, но извршивме притисок и мислам дека добро ја завршивме работата“, изјави Флик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА