Најголемата сензација на игрите во Париз одлучи да стави крај на кариерата

Рејчел „Рејгун“ Ган, која ја претставуваше Австралија во Париз во новата олимписка дисциплина брејкденс, објави дека се повлекува од натпреварувањето.

Австралијката не блесна на олимписката сцена во Париз, а медиумска афирмација доби со несреќниот олимписки настап, кога стана цел на потсмев на интернет.

Нејзиниот едноставен стил и необични потези во настапот на Олимпијадата, вклучително имитирање на скокови од кенгур и вртење на сцената, предизвикаа серија објави на социјалните мрежи. Нејзините потези беа реплицирани, имитирани и исмејувани на телевизиските емисии, а нејзината зелена тренерка во ретро стил стана тема на интернет пародија.

Триесет и седумгодишната Ган, која е универзитетска професорка, како причина за прекин на натпреварувачката кариера ги наведе бројните реакции и сите лоши коментари по настапот на Игрите во Париз, што многу ја вознемири.

Се вчитува...