Почина навивачот на Баерн кој синоќа колабираше на мечот со Бенфика

Навивач на Баерн почина во средата вечерта од срцев удар непосредно пред почетокот на натпреварот од Лигата на шампионите против Бенфика. Според пишувањето на германските медиуми, несреќниот навивач колабирал на самиот стадион, а починал на пат кон болница и покрај интензивната лекарска интервенција.

„Билд“ наведува дека починатиот навивач доживеал срцев удар непосредно пред почетокот на натпреварот, кој инаку доцнел 15 минути поради пожар кој го нарушил превозот на навивачите со метро.

На несреќниот навивач не му помогна ниту моменталната реакција на навивачите околу него, ниту првата медицинска помош. Во несвест беше евакуиран од стадионот во 33. минута.

„Животот е многу поважен од спортот, затоа и не навивавме. На семејството и пријателите на починатиот им посакуваме многу сила“, велат најжестоките навивачи на клубот од Минхен.

Се вчитува...