Скулпторот од Кикинда, Борис Стапарац, по една година работа го заврши создавањето на споменикот во чест на еден од најдобрите спортисти на сите времиња, Новак Ѓоковиќ.
Скулптурата на Новак Ѓоковиќ висока околу два и пол метри е изработена од моделиран бетон и сега дополнително го краси богатиот опус на уметникот од Кикинда.
Во рацете има рекет и крст, гледајќи во небото… Авторот истакнува дека ова дело е симбол на верата, пркосот и љубовта кон најубавите вредности во животот.
„Не само што дише споменикот, туку се чувствува и големата љубов кон Новак, претставникот на нашиот народ, кој нè претставува во светот какви што сме – побожни, полни со енергија, мирни, со воинствени чувства внатре, бидејќи тоа е единствениот начин да надминеме нешто невозможно“, вели Борис Стапарац.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА