Македонија потешко од очекувањата го совлада составот на Естонија, за триумфален старт во квалификацискиот циклус за ЕП 2026.
Еден од лидерите на репрезентацијата Филип Кузмановски вели дека најважно е што победиле, а дека оваа репрезентација на Македонија ветува многу.
„Одиме чекор по чекор. Само победата ни е битна. Не разговараме и не размислуваме околу разликата, битно е само да победиме. Ни треба малку повеќе време да се средиме, да се санираат повреди за тоа што не чека набрзо, а тоа е големо првенство и дуели со големи екипи. Во првото полувреме добро фукнциониравме во нападот, проблемот беше со одбраната. Не им помогнавме на голманите, за и тие да ни помогнат и да ја направиме разлика за да можеме да го доиграме натпреварот без притисок. Во вториот дел, покажавме карактер, одигравме како што треба да игра и изгледа Македонија. Поборбено, со повеже вложени сили, со помош од голманот. Сите сме млади, спремни да трчаме и оваа екипа на Македонија ветува многу“, изјави Филип Кузмановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА