Искусниот хрватски ракометар Мануел Штрлек е засилување на германскиот бундеслигаш, Фуксе Берлин.
Штрлек во Берлин ќе биде позајмен од редовите на Нексе Нашице со кое има договор до 2026 година. Хрватот првиот настап за германскиот тим ќе го има по репрезентативната пауза.
Берлин е во иста група со македонскиот ракометен шампион Пелистер во Лигата на шампионите. Штрлек претходно настапуваше за Загреб, Келце и Веспрем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА