Со ждрепка беа одредени групите за АТП финалето во Торино. Осумте најдобри тенисери од оваа сезона ќе се натпреваруваат во две групи, во кои секоја има двајца поранешни гранд-слем шампиони и први играчи во светот.
Во групата „Илие Настасе“ се Јаник Синер, Данил Медведев, Тејлор Фриц и Алекс де Минор. Од друга страна, во групата „Џон Њукомб“ ќе се натпреваруваат Александар Зверев, Карлос Алкараз, Каспер Руд и Андреј Рубљов.
Двајцата најдобри од секоја група одат во полуфиналето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА