Германскиот фудбал тагува за Максимилијан Хајденрајх, кој почина денеска на 57-годишна возраст после тешко боледување. Веста за неговата смрт ја објави неговиот поранешен клуб Фрајбург.
Некогашното „либеро“ играше во Хановер, Минхен 1860, Ајнтрахт Франкфурт, Базел, а најголемата афирмација ја стекна во дресот на Фрајбург, каде беше од 1992 до 1997 година и одигра преку 200 натпревари. Потоа играше во Волфсбург, а кариерата ја заврши во Ватеншајд.
Работеше и како тренер на Фрајбургер, Веил, Дензинген. Беше активен како тренер до 2017 година.
„Фрајбург тагува по загубата на овој голем фудбалер“, стои во објавата на клубот, а сочувство изрази и Волфсбург каде што играше Хајденрајх.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА