Ништо ново: Убедлив пораз на кошаркарките во квалификациите за ЕП 2025

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија, со уште еден, трет пораз во квалификациите за пласман на ЕП. Подобри од избраниците на Александар Ашаданов беше Украина, која во СЦ Кале победи со 98-49.

Уште по првиот дел беше познато дека Украина ќе го добие мечот, со оглед дека првите две четвртини ги заврши со идентични 26-13, за предност од 52-26. Во третиот период Украинките дополнително ја зголемија разликата, добивајќи го тој дел со 7-27, за во последната четвртина да влезат со предност од +46 поени.

Најдобро македонските кошаркарки се држеа во последниот период, кој го загубија „само“ со 16-19.

Балабан постигна 19 поени за Украина, а Јакубова со 17 беше втор стрелец. Кај Македонија Хемпе со 16 поени беше најефикасна.

Се вчитува...